сабота, 27 јули 2024

Подобрување на триаголникот политики – финансиска и енергетска технологија за енергетска отпорност во фокусот на Енергетскиот форум

Објавено на

часот

Сподели

Битиќи кој е покровител на форумот, на свеченоста приредена за учесниците искажа задоволство што Македонија ќе биде место на кое ќе се води дијалог, ќе се разменуваат знаења и ќе се споделуваат иновативни пристапи, достигнувања, трендови и стратегии поврзани со енергетските предизвици. 

Форумот чија тема годинава е  „Подобрување на триаголникот Политики – Финансиска – Енергетска технологија за енергетска отпорност и зелена транзиција“, го организира ЗИП Институт, во партнерство со Владата и Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Најавено е учество на високи владини претставници од земјата и регионот, амбасадори, претставници од меѓународни организации и фондации.

Овој форум почна во 2018 година како иницијатива која требаше да поттикне редовен формален дијалог за различни теми поврзани со енергетиката, да придонесе за разјаснување на интересите на инвеститорите во енергетиката во овој регион и да понуди алтернативни решенија во поглед на геостратегиските енергетски позиции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ