четврток, 23 мај 2024
Министерот преку Фејсбук

Поднесена е кривична пријава против градоначалникот на Богданци, објави Тошковски

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски објави дека СВР Струмица поднесе кривична пријава против градоначалникот на Општина Богданци и вработена во Одделение за урбанизам на Општината. Инаку, градоначалник на Богданци во два мандати по ред е Блаже Шапов од редовите на СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

Во сооштението што министерот го објави се вели:

„Првопријавениот во својство на градоначалник на Општина Богданци, во периодот од 17.05.2021 до 15.06.2021 година, по претходно спроведена јавна набавка и договор склучен со најповолен економски оператор, со средства од буџетот на Општина Богданци извршил изградба и реконструкција – поставување на бехатон на КП 9458 КО Богданци која е во приватна сопственост, без да се спроведе постапка за експропријација, на начин што свесно оваа парцела ја прикажал како дел од ул. Крсте Мисирков во Богданци бидејќи за истата нема и не може да има соодветна дозвола за градба и на тој начин спротивно на ДУП на Општина Богданци, спротивно на Закон за експропријација и без соодветна дозвола за градење , со буџетски средства бесправно е изградена приватна КП 9458 КО Богданци, во корист на нејзините сопственици, а на штета на буџетот на општината.
Второпријавената, вработена на работно место помлад соработник – урбанистички планер во Одделение за урбанизам и градежништво во Општина Богданци, со овластување дадено од првопријавениот, задолжена како одговорно лице за следење на текот на постапката за изградба и реконструкција на улици на територија на Општина Богданци, иако била должна да знае дека наведената КП е во приватна сопственост, дека согласно ДУП за Општина Богданци на истата не може да се вршат градежни активности, бидејќи нема соодветна дозвола за тоа и не е спроведена постапка за експропријација, сепак го пропуштила надзорот кој била должна да го спроведе со несовесно постапување во вршење на своите законски овластувања и во ниту еден момент не реагирала на незаконските постапки со што овозможила бесправно со буџетски средства да се изгради приватна парцела КП 9458 за КО Богданци во корист на нејзините сопственици, а на штета на буџетот на Општина Богданци.
Со горенаведеното првопријавениот сторил кривично дело – злоупотреба на службена положба и овластување и бесправно градење, а второпријавената сторила кривично дело – несовесно постапување во службата“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ