недела, 20 октомври 2024
ОЈО Скопје

Подготвителна постапка за дете за предизвикување на пожарот во Расадник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судија за деца во Основниот кривичен суд Скопје поднесе барање за поведување подготвителна постапка кон дете во судир со законот кое презело дејствија кои со закон се предвидени како кривично дело – Предизвикување општа опасност по член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

На 3 септември во попладневните часови, детето на возраст од 14 години, заедно со уште две деца во ризик кои не наполниле 14 години и од тие причини не се кривично одговорни, палеле петарди и жижици на земјена патека во месноста Расадник, Кисела Вода.

„Како последица на тоа, бил инициран пожар кој брзо се проширил на околната сува трева поради ветерот и зафатил површина од околу 3 хектари – дрвја, сандаци со пчели и неколку бандери за пренос на електрична енергија. Со пожарот била предизвикана значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери“, се вели во соопштението од ЈОРСМ.

Министерството за внатрешни работи денес информира дека за случајот со пожарот во Расадник поднесена е кривична пријава против 14-годишен малолетник, кој заедно со уште две деца фрлале пиротехнички средства, по што се запалила сувата трева и настанал пожар во кој беа заатени околу три хектари површина. СВР Скопје до ОЈО Скопје поднел кривична пријава против 14-годишен малолетник за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”, предвидено и казниво по член 288 од КЗ.

Во пожарот, како што информираа од Скопската противпожарна единица, опожарена е површина со сува трева, грмушки, автомобилски гуми и дрва во Расадникот. Во гаснењето интервенирале осум протовпожарни возила и 15 пожарникари, нема повредени лица, а е причинета материјална штета.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ