Сега останува на ЈПДП да распише тендер и да избере изведувач за да започне санацијата на мостот на кој од 4 јануари годинава е запрен секаков вид сообраќаj, поради влошената состојба на носечките столбови, а со цел да се спречи трагедија од урување на мостот.
Професорот Марковски првично оцени дека мостот треба да се санира за еден до еден и пол месец. Toj со неговите колеги во саботата направија дополнителни испитувања на мостот, односно пробно товарење на мостот со камиони од 40 тони статичко и динамичко на горниот строј на мостот на носачите, за да видат во каква состојба се и од тој аспект и да можат да донесат техничко решение, што понатаму со мостот.
Како трајно решение на проблемот на велешани, премиерот Христијан Мицкоски при посетата на мостот во Велес, на 4 јануари годинава најави, по завршување на сите админстративни процедури, да се изгради нов мост на Вардар кај Велес 50-тина метри подолу од постојниот, а неговата изградба да започне кон средината на годинава.