четврток, 26 декември 2024

Поддржувачите на Трамп: Спремни сме, нема да дозволиме двапати да ги крадат изборите

Во неделата Доналд Трамп посети една од последните станици на својата предизборна турнеја, Северна Каролина. Таму се сретна со многу луѓе што имаат намера да гласаат за него, а повеќето од нив воопшто не се сомневаат во победата на Трамп.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Вики Вестбрук, 55-годишна мајка на пет деца и баба на двајца внуци, вели дека Камала може да победи на изборите само со мамење, пренесува Гардијан. Таа исто така изразува уверување дека токму така Бајден победил на претходните избори, поради што републиканците се бесни.

„Дојдовме до точка кога повеќе нема да го толерираме ова. Републиканците нема да дозволат двапати да се крадат избори“, рече Вестбрук. Ова мислење го делат многумина, а во медиумите сѐ повеќе се слушаат оправдани стравувања за тоа што ќе се случи и како ќе реагираат републиканците доколку победи Камала Харис.

На прашањето дали ќе реагира бурно доколку не е задоволна од резултатите на изборите, Вики Вестбрук вели дека не ја сака портокаловата боја и не може да си дозволи да оди во затвор затоа што има деца. Сепак, таа е убедена дека меѓу нејзините политички истомисленици има многу што нема така мирно да го прифатат поразот на нивниот кандидат.

Со нив се согласува и самиот Трамп, кој вчера им порача на приврзаниците собрани во Пенсилванија дека и пред четири години не требало да ја напушти Белата куќа, туку напротив, требало да реагира на „неправдата“.

И други присутни на митингот во Северна Каролина го делат мислењето на Вестбрук, па триесет и осумгодишниот Афроамериканец Седрик Пернес вели за Гардијан дека е убеден дека ќе има масовни немири и протести доколку Трамп загуби.

Очекувањата на републиканските гласачи се големи, а нив ги подгрева самиот Трамп, кој упорно тврди дека има голема предност на анкетите, иако медиумите со недели тврдат дека кандидатите се прилично изедначени и дека кој и да е победник, победата ќе ја освои „за влакно“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ