Филипче истакна дека ќе се залага за систем на размена на идеи на мислења и комуникација, и тоа ќе биде начин на работа на новото раководство на СДСМ.
„Најважно од сѐ е другарството, најважна од сѐ е релацијата, отвореноста, достапноста. Не може некој да не се јавува или да не комуницира поради тоа што во моментот извршува некаква функција. Ако јас бидам претседател секогаш ќе ви бидам достапен. Јас така знам да функционирам. Таков сум бил како доктор, така сум бил како министер. Тоа е една од работите зошто се нафаќам да се кандидирам на оваа функција. Затоа што сметам дека тој систем може да се имплементира и тука во партијата“, истакна Филипче.
Филипче потенцираше дека тој не верува во наметнати политики, кои ќе ги смислува раководството во Скопје, бидејќи тоа создава револт кај членството.