четврток, 9 јануари 2025

„Подари пакетче-подари радост“

Здружението на граѓани ЦСИ Линк, во изминатите шест години, активно по повод Новогодишните и Божиќните празници ја спроведува иницијативата „Подари пакетче-подари радост“ во соработка со „Создаваме насмевки-да бидеме хумани“, со цел собирање на новогодишни пакетчиња наменети за децата во социјален ризик од рурални средини, на територијата на Скопје, Тетово и Куманово.

Објавено на

часот

Сподели

Како и сервиси и институции за згрижување на деца од доменот на социјалната заштита, како што се: шелтер Центар за деца жртви од семејно насилство, шелтер Центар за деца жртви на трговија со луѓе, мали групни домови за згрижување на деца, интернат за деца и дневни центри за деца со попреченост.
Оваа година, со поддршка од 14 волонтери, повеќе од 20 фирми и 3 собирни локации за приватни донации, беа успешно собрани 913 новогодишни пакетчиња.
Новогодишните пакетчиња беа поделени на децата од ранливи групи: во Општина Куманово, селата Режановце, Бајловце, Клечовце, Градиште, Кучкарево и Орашец; во Општината Чучер Сандево, во селата Кучевишите, Мирковци, Глуво, Побожје, Бањани; во Општината Бутел, во селата Љубанци, Љуботен и во 6 основни училишта во населените места Бутел, Радишани и Визбегово; во здруженија, сервиси и институции за грижа и поддршка на деца од ранливи групи Национална мрежа против семејно насилство и насилство врз жени и деца, шелтер центар за деца жртви на трговија – Ла страда, ОО Црвен крст Карпош – проект Хуманко, Воспитно поправен дом – Тетово, ХОПС; во Манастирот Св.Јован Бигорски наменети за децата од ранливи групи од западниот регион.
Покрај новогодишните пакетчиња, беа поделени претходно обезбедени детски играчки, детски постелнини, облека и хигенски пакети.
Од македонската заедница на граѓани од Шведска и Данска беа обезбедени средства во износ од 61.750 денари. Кои беа распределени во форма на ваучери за обезедување на намирници за 4 семејства (еднородителски и многудетени), еден ваучер за обезбедување на обувки за едно дете и сума во износ од 23.000 денари, која беше уплатена за лекување на малата Јана Грнчаревска.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ