сабота, 27 јули 2024
Царинска управа

Под тапацирот во автомобил грчки државјанин се обидел да шверцува цигари на Богородица

Спречен шверц на 50 штеки цигари што грчки државјанин ги купил на фри-шоп и без да ги пријави сакал да ги внесе во државава  преку граничниот премин Богородица каде вкупната вредност на штеките цигари изнесува 85.900 денари, при што вкупните царински давачки коишто лицето сакало да ги избегне изнесуваат 60.900 денари.

Објавено на

часот

Сподели

Царинските службеници штеките цигари ги открија во фабричките шуплини зад тапацирот на задните врати од возилото со кое патувал грчкиот државјанин, се наведува во соопштението од Царинска управа.

Царинска управа во рамки на своите надлежности спроведува активности за заштита на финансиските интереси на државата и сузбивање на нелегалната трговија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ