понеделник, 28 октомври 2024

Под мотото „Твојата свест е најважниот филтер“ започнаа Деновите на медиумска писменост

Деновите на медиумска писменост се најзначајниот национален настан за мобилизирање на граѓаните, граѓанските организации, образовните установи, медиумите и државните институции, како и за подигање на нивната свест за важноста на медиумската писменост, изјави директорот на Агенцијата за аудио и аудио визуелни медиумски услуги (АВМУ), Зоран Трајчевски.

Објавено на

часот

Сподели

На отворањето на шестото издание на Денови на медиумска писменост 2024 кои ќе траат до 4 ноември, Трајчевски кажа дека оваа година, во согласност со општата тема на Глобалната недела на медиумска и информациска писменост, организирана од Алијансата за медиумска и информациска писменост на УНЕСКО, ДМП2024 ќе се одржат под мотото „Твојата свест е најважниот филтер“.

Петнаесет членки на Мрежата за медиумска писменост, и нивни поддржувачи, ќе организираат 22 настани на различни локации низ целата држава, а некои од нив ќе се одржат и онлајн.

По денешното отворање во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје се одржa работилница на тема „Вештачката интелигенција и авторските права“, организирана од АВМУ во соработка со Сојузна Република Германија по штоследи панел дискусија на тема „Етика во користењето на вештачката интелигенција“, организирана од Хелсиншкиот комитет. Денот ќе заврши со работилница на тема „Политики за развој на свесноста за ризиците од дезинформации“, организирана од Институтот за истражување на општествениот развој (РЕСИС).

Според најавата, утре во Собранието ќе се одржи панел дискусија на тема „Медиумската писменост и младите“, организирана од Младинскиот образовен форум (МОФ) и ИРЕКС. Во исто време, во гимназијата Гоце Делчев во Куманово ќе се одржи работилница на тема „Медиумска лабораторија: Препознавање дезинформации и креирање медиумски содржини“, организирана од Институтот за комуникациски студии (ИКС), а во Јуроп хаус во Скопје ќе се одржи панел дискусија на тема „Увезени дезинформации (фокус на Олимписките игри 2024)“, организирана од Делегацијата на Европската Унија.

На 30 октомври, во Хотел Лимак во Скопје ќе се одржи „Националната конференција за медиумска писменост во образованието“, организирана од Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и ИРЕКС. Потоа, во АВМУ ќе се одржи панел дискусија на тема „Зајакнување на новинарскиот интегритет и одговорност“, организирана од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и ИФЕС. Во исто време, во Младинскиот центар во Кавадарци ќе се одржи работилница на тема „Паметно живеење во дигиталниот свет“, организирана од Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Делегацијата на Европската унија. Радио Канал 77 ќе ја слави медиумската писменост на својата програма во текот на целиот ден.

На 31 октомври, во гимназијата Георги Димитров во Скопје ќе се одржи работилница на тема „Медиумска лабораторија: Препознавање дезинформации и креирање медиумски содржини“, организирана од Институтот за комуникациски студии (ИКС). Потоа, во АВМУ ќе се одржи работилница на тема „Медиумската писменост и средношколците“, организирана од Агенцијата и Твининг проектот. Денот ќе заврши со работилница на тема „Вештачка интелигенција: можности и ризици“, која ќе се одржи во седиштето на АВМУ.

На 1 ноември, Радио МОФ ќе организира Отворен медиумски ден. Во 11 часот, во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе се одржи отворена седница на Комисијата за жалби на тема „Предизвици за медиумската саморегулација“, организирана од Советот за етика на медиумите на Македонија (СЕММ). Потоа, во Јуроп хаус во Скопје ќе се одржи работилница на тема „Паметно живеење во дигиталниот свет“, организирана од Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Делегацијата на Европската унија. Денот ќе заврши со вебинар на тема „Дезинформации на Западен Балкан: Трендови, предизвици и одговори“, организиран од Фондацијата Метаморфозис, кој ќе се одржи од 13 до 14 часот онлајн.

На 2 ноември, Радио МОФ ќе организира видео дискусија на тема „Дигиталниот живот на младите“, која ќе се одржи онлајн.

На 4 ноември, од 10 часот, во Хотел Арка ќе се одржи работилница на тема „Препознавање и одговор на говорот на омраза“, организирана од Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и ОБСЕ. Потоа, од 12 часот, Радио МОФ ќе организира видео прилог на тема „Новинарите и вештачката интелигенција“, кој ќе се одржи онлајн. Во исто време, во Младинскиот центар во Пробиштип ќе се одржи работилница на тема „Лице в лице: Кокреираме приказни“, организирана од Лице в лице и ГРИГ.

Денот и целата програма ќе завршат со годишниот состанок на Мрежата за медиумска писменост, кој ќе се одржи од 14 до 15 часот во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ