Македонските херои, предводени од феноменалниот Кире Лазаров, првата пресметка ќе ја имаат задутре, кога во белградска „Арена“ ќе ги одмериме силите со селекцијата на Данска, која, крајно неочекувано, во оваа фаза доаѓа без ниту еден бод. В понеделник противник ќе ни биде Полска, еден од најголемите конкуренти за висок пласман, но и за обезбедување место во дополнителните квалификации за ЛОИ 2012 во Лондон. Полјаците стартуваат со еден бод повеќе од нас, што им дава мала, но значителна предност во овој дел од шампионатот.
Втората фаза по групи ја завршуваме со пресметка со домаќинот Србија, која доминираше на мечевите што од првиот круг се играа во белградската сала „Пионир“. Без разлика на нивното вечерашно реми со Словачка, тие во новоформираната група влегуваат како лидери, секако заедно со Германија, со максимални четири бода.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ:
1. коло (21 јануари): Македонија–Данска, Полска-Шведска, Германија-Србија.
2. коло (23 јануари): Македонија-Полска, Данска-Германија, Србија-Шведска.
3. коло (25 јануари): Македонија-Србија,Полска-Германија, Данска-Шведска.
ТАБЕЛА: Србија 4, Германија 4, Полска 2, Македонија 1, Шведска 1, Данска 0.