сабота, 21 декември 2024

Почнува вакцинацијата против грип, за три дена се пријавиле 14.000 граѓани

На веб страницата – vakcinacija.mk, каде пред три дена почна пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи население, веќе се пријавени повеќе од 14.000 граѓани.

Објавено на

часот

Сподели

Предвидено е вакцинацијата да почне во текот на следната недела.
Набавени се 70.000 дози четиритипна вакцина против сезонски грип. Министерството за здравство континуирано го зголемува бројот на обезбедени вакцини.
Со пријавување на веб-страницата директно се регистрира за вакцинација во системот Мој Термин. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, преку СМС се добива повратна информација за точниот датум, час и место кога треба да се вакцинирате.
Со бесплатна вакцинација се опфатени следните ризични групи: повозрасни лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица, соопшти Министерството за здравство.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ