понеделник, 4 март 2024

Почнува шестдневен „Базар на љубовта и виното“ во Скопје

Во пресрет на Свети Валентин – Денот на вљубените и пријателството и Свети Трифун – Денот на виното и лозјето, во организација на Скопје Сити Мол од 9 до 14 февруари ќе биде отворен шестдневен „Базар на љубовта и виното“.

Објавено на

часот

Сподели

На базарот, учество ќе земат преку 50-тина ракотворци, a ќе се претстават и неколку мали домашни винарии.

Посетителите ќе имаат исклучителна можност да ги дегустираат македонските вина и да подарат за своите љубени уникатни креации, кои рачно ги имаат изработено мајстори – креативци, велат организаторите.

Од 9 до 11 февруари, на базарот ќе се претстават малите винарии Томов, Орешкови, винарија Ерос и Агора и ракотворците, меѓу кои Love corner, МЕДЕНА, Софија Огњановска – Fosi, AZSU ACCESSORIES, пекара Ваташа, Еко восочни обвивки и Елена Ристовска.

Од 12 до 14 базарот е резервиран за малите винарии „Киево“ и „Несторовци“ и за артизаните Ignea eco aroma cosmetics, DaMa Chocolate Art, Epoxy handmade by clay, Бибер и Ванила, BEAUTY OILS и други.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ