петок, 18 октомври 2024

Почнува примената на новините кај примарната здравствена заштита, Меџити на терен

Објавено на

часот

Сподели

Како што се појаснува во соопштението, предвидено е посетата да започне во 11 часот. 

Од денеска треба да почне новата мерка со која матичните лекари ќе може да препишуваат лекови за висок притисок, дијабетес, астма, хронична опструктивна белодробна болест, астма и хипотироидизам.

Освен промена на режимот за пропишување, матичните за овие дијагнози ќе прават и дијагностички процедури почитувајќи ги објавените протоколи со клинички патеки. На тој начин треба да откриваат пациенти од ризичните групи и навреме да стигнат до неопходната терапија.

Од Министерството за здравство велат дека трансформацијата на примарната здравствена заштита треба да даде подобра превенција и дијагностика а промена на режимот на пропишување лекови е само еден сегмент од реформите.

Новина ќе биде и закажување на термин кај матичен, но надлежните за тоа допрва ќе утврдуваат како ќе биде применето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ