сабота, 19 октомври 2024

Почнува новата сезона во Премиерлигата, Манчестер јунајтед и Фулам први излегуваат на теренот

Фановите на клупскиот фудбал може да здивнат, чекањето заврши, најголемите лиги се враќаат, вечерва почнува Премиерлигата.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера стартуваше Ла Лига, а денеска на програмата е првиот меч од најгледаната лига, Премиерлигата. Манчестер јунајтед на Олд Трафорд го пречекува Фулам.

Раководството на Јунајтед му ја даде поддршката на Ерик Тен Хаг и покрај лошите резултати. Холанѓанецот ќе има уште една шанса да покаже дека не е тренерско промашување.

Во преодниот рок Тен Хаг доби и неколку квалитетни засилувања како Де Лихт, Зиркзе, Јоро, Мазрауи, во составот повторно е и Џејдон Санчо.

Фулам во овој преоден рок го урна клупскиот рекорд со ангажманот на Емил Смит Роу од Арсенал.

Дербито на првото коло е во недела кога Челси ќе го пречека актуелниот шампион Манчестер Сити.

Во сабота денот ќе почне со дуелот меѓу Ипсвич и Ливерпул. Во редовниот термин од 16 часот играат Арсенал – Вилвс, Евертон – Брајтон, Њукасл – Саутемптон и Нотингем форест – Борнмут, денот завршува со дуелот меѓу Вест Хем и Астон Вила.

Во недела покрај дербито на Стемфорд Бриџ, се игра и дуелот меѓу Брентфорд и Кристал Палас.

Првоот коло завршува во понеделник со мечот меѓу Лестер и Тотнем.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ