сабота, 27 јули 2024

Почнува годишниот попис на бездомници во Лос Анџелес

Градската управа на Лос Анџелес започна годишен попис на бездомниците за да утврди колку луѓе се бездомници и каква помош им е најпотребна.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Овогодинешниот тридневен попис доаѓа во време на засилено незадоволство на јавноста поради неуспехот на локалните власти да ги решат проблемите на луѓето кои живеат на улица – во автомобили, шатори и картонски засолништа.

Пописот од 2023 година покажа дека во округот Лос Анџелес живеат 75.500 бездомници, што е пораст од девет отсто во однос на претходната година.

Од 2015 година, бројот на бездомници е зголемен за 70 отсто во округот и за дури 80 отсто во самиот град.

Околу 46.200 од нив живеат на територијата на самиот град Лос Анџелес, каде што расте огорченоста на граѓаните поради зголемениот број „шаторски населби“ на тротоарите, парковите и другите јавни површини.

Градоначалничката на Лос Анџелес Карен Бас минатиот месец најави дека повеќе од 21.000 луѓе кои живеат на улица ќе бидат сместени во хотели и други засолништа.

Резултатите од овој попис, како што е најавено, ќе бидат објавени кон крајот на пролетта или почетокот на летото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ