сабота, 27 јули 2024
Лига на шампиони

Почнува четвртфиналето во Лигата на шампионите

Објавено на

часот

Сподели

Дербито се игра во Манчестер каде Сити го пречекува Баерн Минхен. Баварците доаѓаат со нов тренер, Томас Тухел кој ќе се обиде да го повтори успехот кој го имаше со Челси.

Тухел во Челси како и сега во Баерн пристигна среде сезона и ја освои Лигата на шампионите. Од друга страна, Пеп Гвардиола сонува за трофеј во ова натпреварување со Манчестер Сити, но досега не успеа.

Во другата четвртфинална пресметка која на програмата е денес, Бенфика го пречекува Интер.

Утре, бранителот на трофејот, Реал Мадрид игра против Челси, а има и италијански дуел, Милан против Наполи.

Четвртфинале Лига на шампиони:

Вторник:

Манчестер Сити – Баерн Минхен

Бенфика – Интер

Среда:

Милан – Наполи

Реал Мадрид – Челси

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ