вторник, 14 јануари 2025

Почнува 29. СП во ракомет, пред Македонија е уште еден мундијалски предизвик

Со натпреварот меѓу Италија и Тунис во Пореч, започнува новото Светско првенство во ракомет за мажи, нашата репрезентација својот старт на Мундијалот ќе го има утре против Унгарија.

Објавено на

часот

Сподели

Домаќини на ова Светско првенство се Хрватска, Данска и Норвешка, натпреварите почнуваат од денес, а ќе се играат до 2 февруари за кога е закажано финалето.

Ќе учествуваат 32 репрезентации кои се распределени во осум групи. Македонија е во групата Д во Вараждин каде покрај нас се уште и селекциите на Унгарија, Холандија и Гвинеја.

Првите три најдобропласирани од групите се селат во втората фаза од Светското првенство.

Групи за СП:
Група А (Хернинг, Данска): Германија, Полска, Чешка, Швајцарија.
Група Б (Хернинг): Данска, Италија, Тунис, Алжир.
Група Ц (Пореч): Австрија, Франција, Кувајт, Катар.
Група Д (Вараждин, Хрватска): Унгарија, Македонија, Холандија, Гвинеја.
Група Е (Осло, Норвешка): Португалија, САД, Норвешка, Бразил.
Група Ф (Осло): Шпанија, Чиле, Шведска, Јапонија.
Група Г (Загреб, Хрватска): Словенија, Куба, Исланд, Зеленортски Острови.
Група Х (Загреб): Египет, Аргентина, Хрватска, Бахреин.

Според „Хендбол-Планет“ најголем фаворит за златниот медал е селекцијата на Данска, следуваат Франција, Германија, Хрватска, Норвешка и Шведска. Македонија е на 22. место на оваа листа.

Денешни натпревари на СП:
17:30 Италија – Тунис
18:00 Франција – Катар
20:30 Австрија – Кувајт
20:30 Данска – Алжир

Македонија утре од 20:30 часот игра против Унгарија, два дена подоцна од 18 часот ќе се сретнеме со Холандија, а групата ја завршуваме на 19 јануари против Гвинеја исто така од 18 часот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ