сабота, 27 јули 2024

Почната постапка против мајката на масовниот убиец од белградското училиште

Објавено на

часот

Сподели

Ученикот Коста К. На 3 мај, со истрели од пиштолот на неговиот татко, уби осум соученици и чувар, а рани уште шест ученици и наставничка, од кои едно девојче подоцна почина поради прострелна рана на главата.

Обвинителството од полициската управа на Белград побарало собирање потребни известувања со кои е наложено да се сослуша осомничената мајка М.К., и да се изврши разговор со педагогот и психологот на училиштето „Владислав Рибникар“ и да се преземат сите други мерки и постапки за целосно утврдување на фактичката состојба, објавено е денес на интернет страницата на Првото основно јавно обвинителство во Белград.

На Градскиот центар за социјална работа му е наложено да изврши „дијагностичка проценка на функционирањето на семејството на малолетниот Коста К. И за тоа да достави извештаи до обвинителството“. Побарано е да се утврди дали тоа семејство „од претходно било во евиденцијата“ на центарот за социјална работа.

Таткото на Коста К. Беше уапсен по злосторството во училиштето, а по сослушувањето во Вишото јавно обвинителство му е одреден притвор до 30 дена. Таткото е осомничен дека синот Коста К. го носел на стрелиште и дека не го направил соодветно недостапно оружјето со муницијата со кои неговиот син го извршил злосторството.

Наставата во училиштето „Владислав Рибникар“ почна денес врз основа на одлука на српското министерство за образование, и покрај барањата на родителите, поради исклучителните трауми кои децата ги преживеале и ги преживуваат во деновите по пукањето и убиствата во училиштето, школската година да заврши со 3 мај, кога беше извршено злосторството, без преседан во поновата историја на Србија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ