Студиските програми на СИТИ Колеџ се динамични и современи, базирани врз најновите достигнувања во индустријата и прилагодени на потребите на современиот пазар на труд. Со ваков пристап студентите се едуцираат со теоретско знаење, но и со практични и технички вештини што овозможува да стигнат до применливо образование и ценети и барани професионални компетенции.
Со запишување на СИТИ Колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, новите студенти
добиваат можност да учат од истакнат академски кадар и предавачи со меѓународни квалификации, кои преку теоретски и практични методи ги пренесуваат знаењата и експертските вештини. Како дополнување на предадените знаења и вештини, Европскиот кампус им нуди на студентите и можности за истражување како основен принцип во образовниот процес, што е уште една придобивка од образованието на оваа институција.
Со студирањето на СИТИ колеџ студентите се стекнуваат со диплома од Универзитетот Јорк. Дополнително, СИТИ колеџ за студентите од Северна Македонија обезбедување можности за стипендирање за додипломски и постдипломски студии на оваа престижна високообразовна институција.
СИТИ колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк е лоциран во Солун, Грција, со академска мрежа којашто е воспоставена и распространета во уште 8 земји со што претставува уникатна меѓународна институција која ги поврзува академските, истражувачките, националните и корпоративни мрежи низ целиот регион. СИТИ колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк има статус на меѓународен кампус на овој универзитет и е дел од заедницата на Универзитетот Јорк. Универзитетот Јорк е водечка британска академска институција, член на престижната Russel група, со златна награда за своите наставни методи според TEF (Teaching and Excellence Award) 2023 и рангиран на 146тото место во светот според Times Higher Education 2025.
Комерцијален текст