петок, 18 октомври 2024

Почнаа сослушувањата на осомничените за терористичкиот напад во Москва, лидерот на терористите ја призна вината

Првообвинетиот за терористичкиот напад на московската концертна сала Крокус Далерјон Мирзоев ја призна вината на сослушувањето во судот, јавуваат руските медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Мирзоев како дел од вооружена организирана група учествувал во нападот на граѓаните на Русија кои биле присутни во просториите на Крокус сити хол по што ја запалиле зградата. Мирзоев целосно ја призна вината“, навел соговорник на агенцијата РИА Новости.

Мирзоев, кој е родум од Таџикистан, има четири малолетни деца.

Тоа на судијата му го кажал преку преведувач од таџикистански. Некои од судските прашања ги разбирал без помош, но одговарал само на својот мајчин јазик.

За време на испрашувањето станало јасно дека Мризоев имал привремена тримесечна дозвола за престој во Новосибирск, но во меѓувреме истекла.

На Мирзоев му е одреден притвор до 22 мај, пренесува РТ.

Второобвинетиот Саидакрами Муродали Рачабализода, роден е во 1994, оженет е и има дете. Тој е невработен и изјавил дека не се сеќава каде бил пријавен во Русија. Во судницата комуницира преку преведувач.

Бројот на жртвите во терористичкиот напад на Крокус сити хол во Москва порасна на 137, соопшти претходно денес рускиот Истражен комитет. Се додава дека меѓу загинатите има три деца.

Покрај тоа, бројот на повредени пораснал на 180, од кои 142 лица се хоспитализирани.

„Увидот продолжува. До денес се идентификувани 62 тела“, се наведува во соопштението.

Терористичкиот напад се случи во петокот во концертната сала Крокус сити хол во Москва, а одговорноста за нападот ја презема џихадистичката група Исламска држава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ