вторник, 5 март 2024

Почнаа консултациите во МОН, отворени мејл адреси за пријавување врсничко насилство 

Објавено на

часот

Сподели

„На моја иницијатива денеска имавме дискусија со повеќе академски професори и експерти од областа на педагогијата,  психологијата, социологијата, безбедносните науки, со цел да дискутираме што е тоа што можеме да го интегрираме во нашиот образовен систем, за да превенираме несакани настани како во соседна Србија. Ова е сериозен предизвик за сите нас, имавме плодна дискусија и сите сме согласни дека промени мора да се случуваат, затоа што новото време ја менува динамиката на живот, се менуваат трендовите, се менува однесувањето на младите. Овие предизвици бараат и соодветен одговор“, изјави по средбата министерот за образование Јетон Шаќири. 

Процесот на креирање мерки за јакнење на воспитно-образовниот систем за  справување со насилство ќе биде инклузивен и во него ќе се вклучат повеќе  институции и поединци. Со цел вклучување на сите засегнати министерства, ќе следат и средби со МТСП, МВР и Министерството за здравство. 

Како прва активност, иницирано е отворање на електронски адреси каде младите, родителите и воопшто граѓаните ќе можат да пријавуваат врсничко насилство: [email protected] и [email protected] на албански јазик. Адресите  се веќе активни и министерот најави дека по секоја пријава веднаш ќе се постапува.  

Во рамки на постечките механизми за справување со меѓуврсничко насилство и девијантни однесувања на децата и младите, делуваат стручните служби во училиштата, Педагошката служба и Просветниот инспекторат, а МОН има конструктивна соработка со службите на МВР, соопшти МОН.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ