Пристапот до објектот се врши строго контролирано и најпрвин во присуство на станарите се врши попис на предмети и штетата на станбените единици.
Подрумските простории, од каде според првичните информации започнал пожарот, се уште се обезбедуваат за пристап и испитување на причините.
Траењето на увидните дејствија на терен ќе зависи од времето неопходно за прибирање на сите докази.
Според информации од теренот, подрумските простории на зградата биле користени како магацин на компанија која тргува со производи од пластика.