среда, 23 октомври 2024

Почна тридневното гласање на локалните избори во Русија

Во голем број региони на Русија денеска почнува тридневното гласање на избори на различни нивоа, вклучително и директни избори на гувернери на 21 регион на Руската Федерација, избори за пратеници на московската Градска дума, како и дополнителни избори за пратеници во Државната дума.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во некои региони изборите ќе се одржат во два дена (7 и 8 септември), во други региони денот на гласање е 8 септември.

Вкупно ќе се одржат повеќе од 4.000 изборни кампањи во 83 региони.

Дополнителни избори за пратеници во Државната дума ќе се одржат во три испразнети едномандатни изборни единици во Република Хакасија, Брјанската и Ростовската област, пренесува Интерфакс.

Во Москва од денеска до недела ќе се одржат избори за пратеници на московската Градска дума, пратеници во осум општински области на Нова Москва и во општинскиот округ Куркино, пренесува Интерфакс.

Се очекува Централната изборна комисија да ги утврди општите резултати од дополнителните избори најдоцна до 23 септември, а општите резултати од дополнителните избори, како и податоците за бројот на гласовите што ги добил секој пријавен кандидат, да бидат објавени најдоцна до 28 септември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ