Ова ќе биде вториот Мундијал за ракометарки до 20 години на кој ќе учествуваат 32 репрезентации.
Натпреварите почнаа да се играат од 9 часот изутрина, а тие се одржуваат во СЦ „Борис Трајковски“ и СЦ „Јане Сандански“.
Ракометната федерација на Македонија се погрижи салите да бидат подготвени за шампионатот според сите стандарди и да ги понудат најдобрите услови за земјите учеснички на овој ракометен настан.
Македонската репрезентација ќе игра во групата „Х“ заедно со Исланд, Ангола и САД. Прв противник е САД, а мечеот се игра вечерва од 20:15 часот.
Со Исланд се среќаваме в петок од 18, а со Ангола в недела од 20:15 часот. Сите дуели од групната фаза Македонија ќе ги игра во СЦ „Борис Трајковски“.