сабота, 27 јули 2024

Почна собирањето потписи за Давкова и Пендаровски

Во канцелариите на Државната изборна комисија и во канцелариите на некои нотари денеска почна собирањето на потписите и за претседателските кандидати на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски.

Објавено на

часот

Сподели

 Собирање потписи за Гордана Силјановска-Давкова во Бутел

„Кандидатурата на професорката Силјановска Давкова покрај со потписите и поддршката од 30 пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе биде поткрепена и со над 10.000 граѓански потписи.

Профероската Силјаноска Давкова целата своја научна кариера ја има посветено на промоција и одбрана на демократијата како начин на уредување, и централната улога на граѓаните во неа, затоа и покрај тоа што таа има поддршка од 30 пратеници, поддршката од граѓаните е најзначајна. Очекувањата се дека потписите од граѓаните ќе бидат собрани за еден ден.

Сите мерења на јавното мислење покажуваат повеќе од двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДС. Доаѓаат промени“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Во ДИК е доставена иницијатива за собирање на потписи за кандидатура за претседател на Македонија од Пендаровски, соопштија од ДИК.

Потписите ќе се собираат во подрачните одделенија/канцеларии на Државната изборна комисија на цела територија на државата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ