Утрово градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски и техничкиот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски дојдоа да ја надгледуваат акцијата за расчистување ѓубрето на просторот на поранешниот дом „Ранка Милановиќ“.
„Сакам да ја изразам мојата благодарност до министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски за неговата решителност да се најде трајно решение за овој објект, како и за лицата кои се сместени во него“, вели градоначалникот.
Тој упати критика до власта за пасивноста во изминатите години.
„Со жалење можам да констатирам дека повеќе од две години Владата и Министерството за труд и социјална политика не постапуваа по моите иницијативи за решавање на овој проблем и покрај бројните петиции и барања од страна на граѓаните и компаниите кои функционираат на овој дел од општината“, нaгласи градоначалникот.