сабота, 27 јули 2024

Почна пребројувањето, Села со фотографија: „Ова е големата куќа – АА“, Таравари: „Сведок сум на чудо од народ“

Поранешниот лидер на Алијанса за Албанците и актуелен претседател на партиското Централно претседателство, Зијадин Села, малку пред полноќ објави фотографија со голем број партиски членови, негови приврзаници, и порача: „Тоа е големата куќа, Алијанса за Албанците“. Актуелниот лидер, Арбен Таравари пак, вели: „Сведок сум на чудо од народ за промени“.

Објавено на

часот

Сподели

Отворениот судир меѓу Арбен Таравари и Зијадин Села, меѓу актуелниот и поранешниот лидер на Алијанса за Албанците, очигледно ќе јакне до сабота, за кога Села закажа седница на Централното собрание, но како што изгледа, ќе продолжи да се води преку Фејсбук. Партиски работи не се решаваат преку Фејсбу, веќе неколкупати кажа Села, но очиглегно е принуден и тој да се обраќа така за да му реплицира на Таравари во отсуство на состаноци или меѓусебни средби, а имајќи предвид дека партискиот лидер деновиве преферира обраќања до членството преку социјалните мрежи.

Села вчера одржа вонредна прес-конференција во партиското седиште од која порача дека нова одлука на партикското раководство нема, а дека според последната Алијанса за Албанците на изборите ќе настапи самостојно. На Таравари му порача дека партијата не е разединета, а дека неговата одлука да се приклучува кон други партии е само одлука на поединец, не на партијта. Села како претседател на Централното собрание закажа седница на ова раководно тело за во сабота со најава дека ќе се носи одлука за изборите. Таравари пак, се пофали дека од 133 членови на тоа собрание, добил 80 потпикси на поддршка за коалицирасе на опозицијата. Села вели дека потписи преку Фејсбук се безвредни и повика на пребројвуање в сабота.

А, пребројувањето започна.

Села, сега поактивен на Фејсбук, објави фотографија со свои подджувачи со порака дека Алијанса за Албанците не е предмет за трговија.

„Ова е голема куќа, Алијанса за Албанците – Претседателство, Собрание, секретари, потпретседавачи, пратеници, претседатели наа ограноци и верни членови кои не ја продаваат својата куќа!“, порача Села.

Тоа е одговорот на Села на објавата на Таравари во која, без фотографија, напиша дека откако објавил дека е за голема промена во земјата заедно со албанската опозиција, дека станал „Сведок на чудо од народ“.

„Оттогаш и до сега кога го пишувам ова, од вас добив стотици илјади пораки со честитки, благодарност, со инспирација и мотивација, вашата реакција ги надмина  сите очекувања“, вели Таравари и меѓу другото, додава дека нема сила што ќе ја сопре силата на народот.
Од крилото на Села за МКД.мк велат дека Алијанса за Албанците, доколку сака да опстане како партија која претставува политички фактор, единствената исправна опција е да оди самостојно на избори и да ја покаже вистниската политичка тежина.
„Таа полтичка тежина беше нарушена со тетовските локални избори кога Алијанса за Албанците претрпе тежок пораз, а на што претходеа бројни подметнувања и манипулации од страна токму на сега опозициската Беса, која извојува победа. Села тогаш чесно поднесе оставка на лидерската позиција, но тоа не значи дека Таравари сега може самостојно да оди во Приштина по совети и да ги слуша Касами и Гаши и довчерашниот верен интегративец и близок човек на Али Ахмети, а сега ‘демократ’, Изет Меџити. А за сѐ да информира отпосле и тоа преку Фејсбук“, вели нашиот соговорник .
Во меѓувреме страстите зовриваат па дојде и до прва физичка пресметка.
Како што објави ТВ Клан, близок соработник на Таравари, физички го напнал Дритон Hебиу, директорот на Агенцијата за управување со одземен имот кој дал отворена поддршка на Села.
„Можеш да ме убиеш, но не и да ме исплашиш“, напиша Небиу на својот фејсбук-профил, на тој начин потврдувајќи дека се случил напад врз него. На објавата ја има и оваа фотографија.
Подолго време се зборува за отворено несогласување меѓу сегашниот и претходниот претседател на Алијанса за Албанците, но состојбуте кулминираат по минатонеделната средба кај косовскиот премиер Аљбин Курти, на која Таравари беше присутен заедно со лидерите на опозициската коалиција Европски сојуз за промени, по која беше објавено дека на Таравари му било предложено да биде заеднички кандидат за претседател на Македонија и дека во тоа би добил поддршка и од Самоопределување, косовска партија чиј лидер е Курти, а која на македонските избори наводно ќе учествува на листите на опозицискиот сојуз преку свои членови, македонски државјани.
Тараври ден потоа рече дека за таа функција не е заинтересиран, веројатно затоа што знае дека за шеф на државата засега не е можно да се избере Албанец и дека би ја девалвирал и својата лидерска и градоначалничка функција. Треба да се верува дека во таа објава за јавноста, се крие маркетинг – трик и од сојузот и од Таравари за привлекување на Алијанса кон опозицијата.
Дека пребројувањата се во тек потврдува и веста пласирана до медиумите, дека 19 членови од последниот  25-член состав на Академијата на Алијансата за Албанците, стратешко-советодавно тело одговорно за изградба на партиските политики, објавија изјава за поддршка на опозициската опција на претседателот на партијата Арбен Таравари. Академијата броеше 30 членови, од кои двајца починале, а тројца претходно го напуштија ова тело.
Од ДУИ секако, внимателно ги следат случувањата во Алијанса за Албанците. ДУИ е во ситуација во каква што не била изминатите 20 години. Од потезите на албанската опозиција веројатно зависи и дали ДУИ ќе истакне кандидат за претседател на државата и дали или во каква форма ќе биде изборната соработка со СДСМ.
П.Џ.
Фотографии: Фејсбук
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ