сабота, 27 јули 2024

Почна погребот на иранскиот претседател, ќе трае до четврток

Почна погребот на иранскиот претседател Ебрахим Раиси. Иранците се собраа во погребната поворка на претседателот Ебрахим Раиси во северозападниот град Табриз, главниот град на провинцијата Источен Азербејџан, каде што тој ненадејно загина во хеликоптерска несреќа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Хеликоптерот ја загуби комуникацијата додека се враќаше во Табриз, откако Раиси во неделата присуствуваше на заедничката инаугурација на брана со азербејџанскиот колега Илхам Алиев на меѓудржавната граница.

Откако ќе го напушти Табриз, телото на Раиси денеска ќе пристигне во шиитското срце на Иран, Ком, пред да биде пренесено во Техеран.

Врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи вечерва ќе ја води молитвата на прошталната церемонија во Техеран, пред големите поворки што треба да започнат утре наутро.

Раиси потоа в четврток наутро ќе биде пренесен во провинцијата Јужен Хорасан, а подоцна во неговиот роден град Машад, каде што ќе биде закопан в четврток навечер по погребниот обред.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ