Студентите наутро во повеќе колони од нишките факултети тргнаа кон центарот на градот каде им се придружија граѓаните на Ниш, а се очекува да пристигнат и илјадници луѓе од околните места и од цела Србија. Сообраќајот во центарот на градот е блокиран, од рано наутро во тек се подготовките за доаѓањето на илјадниците луѓе кои денес во Ниш ќе ги поддржат студентите.
Još nije ni počelo. Niš !!! pic.twitter.com/tBBQwvoBc0
— Mirko Topalovic official (@mirkotopalovic7) March 1, 2025
На протестот во Ниш студентите, по повеќедневните маршеви, пешачења, трчајќи маратони и со велосипеди, уште синоќа пристигнаа од бројни градови низ Србија, а по изодените и до 200 километри беа дочекани со овации, огномет, црвен килим и многу емоции.
Називот на протестот „Студентски едикт“ е поврзан со Миланскиот едикт на царот Константин Велики од 313 година, од тогашен Наис, сегашен Ниш, а со едиктот е воведена рамноправност на религиите во Римското царство.
Протестот ќе трае симболични 18 часа, бидејќи 018 е повикувачкиот број за Ниш, а е „повик за промената која е потребна“, објавија студентите на нишкиот универзитет, домаќините на собирот.
Студентските протести од 22 ноември минатата година прераснаа во движење и целосна блокада на повеќе од 60 факултети откако група поддржувачи и функционери на владејачката Српска напредна партија ги нападнаа студентите на белградскиот Факултет за драмски уметности додека со 15-минутен молк им оддаваа почит на загинатите на новосадската железничка станица.
15 minuta tišine na Trgu kralja Milana u Nišu 💔#niš #studentskiedikt pic.twitter.com/jh385nOYAj
— Mateja (@MATEJANIKOLlC) March 1, 2025
Студентското движење во меѓувреме доби масовна поддршка низ цела Србија, а протести на солидарност и молчење со блокада на улиците се одржуваат секојдневно од 11:52 до 12:07, симболично во времето на смртоносниот пад на стреата.
Студентските протести со кои се бара одговорност на властите за трагедијата во Нови Сад, разоткривање на корупцијата на државно ниво и ефикасна работа на институциите, без политичко влијание, државните функционери ја нарекуваат „обоена револуција“, обвинувајќи ги дека целта им е уривање на власта без избори.
Од самиот почеток студентите јасно се оградија од сите политички влијанија, а одлуките за своите акции ги носат на студентски пленуми со поддршка од професорите и ректорските колегиуми. Студентското движење добива сè поголема поддршка од целата јавност во Србија.