сабота, 27 јули 2024

Почна изградбата на патот до музејот на Стерјо Спасе во село Глобочани

Во рамките на проектот „Смарт4ју2“, кој опфаќа реализација на повеќе активности во селото Глобочани, општина Пустец, Албанија почна изградба на соодветен пристапен пат до куќата музеј „Стерјо Спасе”.

Објавено на

часот

Сподели

Во исто време, се поставува и потребната атмосферска канализација, како и други потребни зафати.

„Проектот опфаќа и санација и уредување на плоштадот во центарот на Глобочани, каде се наоѓа и споменикот на нашиот Стерјо Спасе. Истиот го подготвивме ние од општина Пустец со техничка поддршка на Регионалната дирекција за култура на округот Корча и се реализира со финансиска поддршка на Европската Унија, Министерството за култура на Албанија и на Македонија во рамките на проектот „Смарт4ју2″, информираше за МИА градоначалникот на Пустец, Пали Колефски.

Тој додаде дека целта на проектот е да го зголеми туристичкиот потенцијал на Преспа преку создавање олеснувачка инфраструктура за поврзување на центарот на селото Глобочани со Куќата музеј на Стерјо Спасе.

„Градиме заедништво, градиме мостови меѓу регионите со поддршка и промоција на туризмот“, посочи Колефски.

Музејот беше отворен во март минатата година и станува сѐ почеста дестинација за туристите, а се одржуваат и настани од значење на Македонците.

Стерјо Спасе родум е од селото Глобочани, едно од селата во општина Пустец, Албанија, област населена со Македонци. Тој е еден од најпознатите писатели, чиј познат роман „Зошто” го најавил создавањето на современа литература во Албанија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ