Претседателот на Џамискиот одбор, Сафет Темуровски изрази сочувство до неговто семејство. Инаку 14 годишно дете од селото, по смртта на татко му се преселило во Кавадарци кај мајка си. И тој и другите двајца гости од Битола и Ресен биле верници кои дошле да го видат местото каде починаа.
„Погребот на малиот Хусеин ќе биде утре, вторник во 11 часот на муслиманските гробишта во Криволак. Џамискиот одбор ве информира дека телото на ненадејно и несреќно изгубениот живот на малиот Хусеин е во просториите на џамијата во Криволак и кој милува може да дојде и вечерва. Погребот ќе се изврши утре, вторник во 11 часот. Аллах Џенет да му подари на малиот Хусеин, а на семејствата сабар и сочуство“, напиша Темуровски на својот фејсбук профил.
Според свeдците и покрај предупредувањата Ј. Ј., Ф. Е. и малолетникот не ги послушале останатите верници дека собата мириса на плин и останале да преспијат.
Верскиот обред завршил во 19 часот, по што присутните заминале за да се подготват за следниот ден бидејќи во селото имало прослава. Во неделата, за време на веселбата, дошле мештани и на гостите присутни на прославата им кажале дека двајцата оџи од Битола и Ресен починале.
Сведоци на настанот тврдат дека куќата била заклучена и дека морале да го кршат прозор од собата за да влезат внатре. кршиме и влегуваме преку него.
Веднаш биле повикани полиција и Брза помош, но докторите само констатирале смрт кај тројцата гости во куќата.
Засега не се знае дали причина за смртта е задушување со плин или пак нешто друго.
Јавен обвинител при ОЈО Кавадарци нареди обдукција на телата, а издадена била и наредба за испитување на исправноста на боцата.
„При првичниот преглед на лицата, не се констатирани траги на насилство. Јавниот обвинител издава наредби за обдукција, како и наредба за испитување на исправноста на плинскиот уред на кој се грееле“, рекоа од обвинителството.
Првично, лекарите од Брзата помош од Неготино не откриле траги од насилство.
Од СВР Велес информираа дека првичната информација ја добиле вчера во 16:35 часот.
„Вчера во 16:35 часот во ОВР Неготино било пријавено дека во објект во село Црвени Брегови, неготинско, биле пронајдени три починати лица – Ј.Ј.(71) од Битола, Ф.Е.(66) од Ресен и малолетник од село Црвени Брегови. Лекар од Итна медицинска помош Неготино констатирал смрт, а увид на местото извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Неготино. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција“, изјави синоќа портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска.