Синоќа во 22.30 часот било пријавено дека пред гаража на подрачјето на Општина Кисела Вода е пронајден починат маж. Станува збор за Љ.С., на возраст од 65 години, од Скопје.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.