сабота, 27 јули 2024

Почина Загало, бразилската легенда која беше дел од четири светски титули

Бразилската фудбалска легенда, Марио Загало почина ноќеска на 92-годишна возраст.

Објавено на

часот

Сподели

Загало учествуваше во освојувањето на четири светски првенства на Бразил. Во 1958 и 1962 стана светски шампион како играч, во 1970 како селектор, а во 1994 година како технички директор на репрезентацијата.

Интересно за Загало е што тој воопшто немал намера да стане фудбалер. Неговата желба била да стане пилот, но поради проблеми со видот бил одбиен. Почнал да учи сметководство, а во слободното време почнал да игра фудбал за својот локален тим. Неговиот талент бил преголем, па тргнал по фудбалскиот пат.

Со фудбал се занимавал безмалку шест децении. Почнал во тимот Америка како младинец во 1948 година, сениорската кариера ја стартувал во Фламенго, а играл и во Ботафого каде во 1966 првпат станал тренер. Четири години бил на клупата на овој тим, а потоа му се вратил уште три пати во кариерата. Водел уште неколку клубови во Бразил, бил селектор на Саудиска Арабија и Обединети Арапски Емирати, а последниот ангажман го имаше во бразилската репрезентација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ