сабота, 27 јули 2024

Почина Волфганг Шојбле, поранешен министер за финансии и претседател на Бундестагот

Поранешниот министер за финансии на Германија и претседател на Бундестагот, Волфганг Шојбле, почина на 82-годишна возраст, по долго и тешко боледување, пишува германски Шпигел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Шојбле беше член на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и на Бундестагот повеќе од 50 години.

Тој беше министер за внатрешни работи кога Хелмут Кол беше германски канцелар, а потоа повторно од 2005 до 2009 година, кога Ангела Меркел беше на чело на Германија.

За време на мандатот на Ангела Меркел, Шојбле беше министер за финансии од 2009 до 2017 година.

Шојбле беше 13-ти претседател на Бундестагот од 2017 до 2021 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ