сабота, 19 октомври 2024

Почина Стојан Николов Георгиев, почесниот претседател на ОМО Илинден-Пирин

Објавено на

часот

Сподели

„На 5 јули вечерта си отиде големиот наш пријател, соборец, Македонец и страдалник“, напишаа од ОМО Илинден-Пирин на офоцијалноот фејсбук профил на организацијата.
лкк
 
Погребот се одржал вчера, а присуствувале копретседателите на ОМО Илинден-Пирин Дамјан Ризаков, Иван Сингартијски, Стојко Стојков и Ботјо Вангелов, претседателот на ОМО Илинден Кирил Тилев, претседателот на клуб Никола Вапцаров Благоевград Атанас Мазнев и македонски патриоти и борци од петричко, санданско, гоце делчевско, благоевградско и Софија. Георгиев е погребан во семејниот гроб на гробиштата во Петрич.
 
Сочуство до семејството изрази претседателот на Македонија, Стево Пендаровски.
 
„Со големо жалење ја примив веста за смртта на првиот претседател на ОМО „Илинден“, Стојан Николов Георгиев. Во овие тажни мигови, би сакал да изразам најискрено сочувство до неговото семејство и до членовите на ОМО „Илинден“- Пирин. Стојан Георгиев беше посветен и непоколеблив борец за правата на Македонците во Република Бугарија. Зад себе остави две книги како сведоштво за неговата преживеана голгота и за севкупната борба на Македонците за остварување на своите основни човекови права. Имав особена чест и лично да се запознам со Стојан при приемот на делегација на ОМО „Илинден“ – Пирин, во мојот кабинет и да се уверам во неговиот искрен патриотизам“, напиша Пендоаровски.
гхг
 
Стојан Георгиев е роден во 1938 година. во Петрич, Пиринска Македонија. На 18 години создава македонска група. откако бил откриен 18 дена бил затворен во ќелиите на државна безбедност. Сепак бил ослободен за да го заврши своето образование.
 
Во 1957 година формира втора група и повторно е откриен и подложен на 114 дена истраги и мачења. Во 1958 година за прв пат е осуден на 4 години затвор, што ќе ги помине во Стара Загора. Втор пат исто така на 4 години затвор е осуден во 1973 година.
 
Во 1990 година беше еден од основачите на ОМО Илинден и единствен претседател пред распаѓањето на организацијата.
 
Автор е на две книги кои раскажуваат за неговиот живот, борба и страдања.
 
Во 1998 година се вклучи во ОМО Илинден-Пирин и наскоро беше избран за почесен претседател сѐ до неговата смрт.
гхј
 
Во периодот 2006-2007 година беше член на Централниот совет на партијата, а од 2007-2010 година и нејзин копретседател.
 
Активно учествуваше во борбата на Македонците во Бугарија за нивните права до својота смрт. Неговата последна дејност беше средба со докторанти и студенти од Швајцарија на 25 јуни годинава, на која тој им зборуваше за својот живот и страдања.
 
Го очекуваше интервју на голема телевизија, учество на научна конференција во Крушево каде требаше да раскаже за својот живот.
 
„И покрај големите страдања никогаш не се претвори во гневен, одмаздољубив човек. До крај го зачува својот ведар, позитивен дух. Бог да те прости, царство ти небесно и да ти е вечен споменот! Ние нема да те заборавиме, ниту ќе ја прекинеме нашата општа борба!“, напишаа од ОМО Илинден-Пирин.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ