сабота, 27 јули 2024
Жална вест

Почина Славе Сирачевски, сопственикот на „Аурора турс“

Почина сопственикот на Аурора Турс, туристичка агенција, како и сопственик на еден од најубавите хотелски ресорти во Македонија, Аурора Берово, кој поседуваше и угостителски објект на езерото Козјак, Славе Сирачевски.

Објавено на

часот

Сподели

Веста на фејсбук ја објави поранешниот директор на Агенцијата за туризам Љупчо Јаневски.

„Македонскиот туристички сектор загуби еден од креаторите и визионерите на македонскиот туризам.

Славе Сирачевски со Аурора Турс и уникатните концепти на хотел Аурора Берово и Аурора Козјак успеа да докаже дека вложувањата за рурален туризам е голема можност во Македонија и пример за регионот! Во мое лично име изразувам сочуство на семејството!

Благодарам Славе за многуте совети кои ги сподели со мене и помогна во мојот кариерен развој и развојот на македонскиот туристички сектор. Почивај во мир Славе“, напиша на својот статус Љупчо Јаневски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ