четврток, 24 октомври 2024
Жална вест

Почина Симон Беличанец, доајенот на македонското спикерство

Вчера во Скопје, во 82-ра година од животот, почина Симон Беличанец, доајен на македонското спикерство чија професионална кариера е врзана за Македонската радио телевизија.

Објавено на

часот

Сподели

Роден е на 2-ри јуни 1942 година во Прилеп. Таму го завршил основното образование, како и гимназија, но и нижото музичко училиште.  Уште во гимназиските денови бил ангажиран во Радио Прилеп од страна на тогашниот уредник Зафир Зафировски. Студирал на Технолошкиот факултет во Скопје. За време на неговите студии се пријавил на аудиција во Радио Скопје и веднаш бил ангажиран како спикер.

Завршил и виша спикерска школа во Белград, во рамки на тогашната Југословенска радио-телевизија. Веднаш потоа почнува да ги чита вестите на МРТ. Како голем обожувач и на музиката бил водител на низа манифестаци. Своето спикерско знаење несебично го пренесуваше на помладите колеги, спикери и новинари.

Погребот на Симон Беличанец ќе се оддржи утре на градските гробишта во Бутел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ