недела, 19 јануари 2025
Жална вест

Почина Сиљан Мицески, поранешен градоначалник на Битола

Почина Силјан Мицевски (78), поранешен градоначалник на Битола и почесен конзул на Република Србија во Битола.

Објавено на

часот

Сподели

Силјан Мицевски беше прв избран градоначалник на Битола, на изборите што се одржаа во 1996 година, а во 2007 година со Одлука на Владата на Република Србија беше назначен за почесен конзул на Република Србија во Битола.

Професионалната кариера на Мицевски е втемелена на ГП „Пелистер“-Битола која датира од 1968 година, најголемата љубов и самоодрекувања во животот на Мицевски се врзани за спортот и посебно ракометот. Тој беше ракометар, прв македонски меѓународен ракометен судија и поддржувач на РК „Пелистер“, денес РК „Еурофарм Пелистер“.

Силјан Мицевски е добитник на бројни награди и признанија, меѓу кои наградата „4-ти Ноември“ во 1979 година, наградата „Интернационална ѕвезда – златна категорија“ доделена во Париз 2003 година, престижното признание „Личност на Југоисточна Европа“ за 2016 година кое му беше врачено на Универзитетот Хумболт во Берлин, а во 2016 година му беше доделено државното знаме на Република Србија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ