Велков беше претседател на Македонското лекарско друштво и претседател на друштвото на радиолози на Југославија, како и консултант по онкологија во Универзитетската болница во Лозана, Швајцарија.
И по заминување во пензија, тој продолжи активно да се занимава со својата дејност како еден од основоположниците на Хоспис Сју Рајдер-Скопје и раководител на одделот за онкологија при клиничката болница Аџибадем-Систина.