За проф. д-р Тодор Јакимов најкусо со една реченица може да се каже – тој е еден од пионерите и долгогодишен носител на развојот на индустријата електро-енергетиката, а посебно на проблематиката на електромоторните погони и нивна автоматизација во Македонија, низ 60 години долгиот работен век.
Роден е во 1926 година во Велес, а високото образование го оформил на Техничкиот факултет во Загреб, каде и докторирал во 1981 година.
Еден е од неколкумината основоположници на Електротехничкиот оддел на Електормашинскиот отсек при Техничкиот Факултет во Скопје во 1959 година.
Неговата животна мисија беше да ја развие Македонија од интелектуален, технички и стопански аспект.
Тој е пример за професор кој науката и практиката ги сметаше за неразделни. Ги насочуваше студентите во суштината на теоретското запознавање со пробелматиката, а во стопанството со практичната примена со тоа што го научиле. Знаеше да ги научи како да ја сакаат струката и земјата.
За него најмногу зборуваат многубројните научно-истражувачки и стручно апликативни трудови, учебници, учебни помагала, лаборатории, но и бескрајниот придонес и постигнатите стручни резултати во стопанскиот домен.
Учествува во решенијата, проектирањето и реализацијата на скоро сите од оваа област позначајни индустриски објекти кај нас, а и пошироко. Добитник е на многу признанија и награди, а една од нив е и 11 Октомвриската награда за животно дело.
Посмртните останки ќе бидат изложени денеска во 12 часот во Капелата на градските Гробишта во Бутел.