петок, 18 октомври 2024

Почина последниот обвинител од Нирнберг

Објавено на

часот

Сподели

„Тој умре мирно во сон во петокот вечерта во домот за стари лица во американската сојузна држава Флорида. Да можеше татко ми да даде уште една изјава, сигурен сум дека ќе речеше – право, а не војна“, изјави Доналд Ференц.

фм

Ференц е роден во 1920 година на Карпатите, Источна Европа, во еврејско семејство. Неговите родители заминале во САД кога тој имал 10 месеци. Студирал право на престижниот Универзитет Харвард. Имал 27 години кога стана американски обвинител за време на судењата од 1947 година на озлогласената германска „Ајнзацгрупа“. Вкупно 22 члена на таа воена нацистичка единица за истребување беа осудени откако беа откриени нивните злосторства. Врз основа на нацистичките архиви, Ференц проценил дека единицата убила повеќе од милион Евреи – мажи, жени и деца. Станува збор за жртви убиени со огнено оружје во Холокаустот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ