среда, 19 март 2025

Почина поранешен славен црногорски фудбалер, имаше само 43 години

Поранешниот црногорски напаѓач, Андрија Делибашиќ почина на 43-годишна возраст по двегодишна битка со тумор на мозокот.

Објавено на

часот

Сподели

Радио Телевизија Црна Гора ја пренесе тажна информација Делибашиќ кој почина прерано.

Тој најпрво се прослави со настапите за Партизан каде беше најдобар стрелец на тимот во Лигата на шампионите постигнувајќи два гола против Порто и еден против Олимпик Марсеј.

Потоа играше за Мајорка, Бенфика, Брага, АЕК, еира Мар, Реал Сосиедад, Еркулес и Рајо Ваљекано, а настапуваше и во Тајланд за Рачабури и за црногорскиот клуб Сутјеска.

За репрезентацијата на Црна Гора има одиграно 21 натпревар и постигнато шест голови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ