сабота, 19 октомври 2024

Почина поранешен играч на Лестер, Лидс, Палермо… имаше само 39 години

Поранешниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Кoска кој најголем дел од кариерата помина во Англија, Сол Бамба почина на 39-годишна возраст.

Објавено на

часот

Сподели

Информацијата за трагичната смрт ја потврди Аданаспор каде што Бамба ја извршуваше улогата на помошник тренер во стручниот штаб.

Откако се пожалил на здравствени проблеми, тој бил веднаш префрлен во болница по натпреварот против Маниса, но за жал докторите не успеале да го спасат неговиот живот.

Во текот на кариерата, Бамба беше капитен на Лидс и Кардиф, а во Премиер лигата играше за Кардиф. Кариерата ја заврши во тимот на Миделброу.

Од останатите клубови го носеше дресот на: ПСЖ, Данфремлин, Хиберниан, Лестер, Трабзон, Палермо и Миделсброу.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ