петок, 27 декември 2024
Жална вест

Почина политичарот од ДУИ, Тахир Хани

Почина Тахир Хани поранешен функционер на Демократската унија за интеграција.

Објавено на

часот

Сподели

Хани е роден е на 15 декември 1961 година во Струга. Извршувал важни државни функции, меѓу кои пратеник, министер, заменик министер… Веста за смртта на Хани ја објави неговата матична партија, ДУИ на официјалниот Фејсбук-профил.

„Со длабока тага ве известуваме дека по кратко боледување почина нашиот пријател Тахир Хани“, се наведува во информацијата.

Сочувство до семејството упати струшкиот градоначалник Рамиз Мерко изразувајќи жалење за загубата на својот колега и пријател.

Погребот е најавен за денеска во 15 часот на гробиштата во струшкото село Велешта.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ