среда, 1 јануари 2025
Жална вест

Почина политичарката и адвокатка Јагнула Куновска

Познатата македонска политичарка и адвокатка, Јагнула Куновска почина денеска на 81-годишна возраст. 

Објавено на

часот

Сподели

Родена е во Костур во 1943 година. Таа е внука на костурскиот војвода Никола Добролитски. Таа била евакуирана во градот Тетово во НР Македонија во 1948 година, како една од многуте бегалци од Граѓанската војна во Грција.

Своето образование го завршила на Правниот факултет на Универзитетот во Скопје, а освен кариерара во правната сфера таа беше и активен учесник во македонската литература, како член на Друштвото на писателите на Македонија.

Во 1990 година беше една од основачите на македонската политичка партија Движење за семакедонска акција (МААК). Во 1999 година ја поддржа на кандидатурата на Тито Петковски за претседател на Република Македонија.

Во 2006 година беше кандидидат на изборите во скопскиот и кумановскиот регион како дел од Новата социјалдемократска партија, но подоцна ја напушти Новата социјалдемократска партија и стана членка на ВМРО-ДПМНЕ.

Во текот на 2008 година учествувала во пишувањето на списанието „Македонски духови конаци“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ