петок, 26 јули 2024

Почина Питер Хигс, физичарот кој ја откри „Божјата честичка“

Физичарот и добитник на Нобеловата награда за откритието на „Божјата честичка“, професорот Питер Хигс, почина на 94 години, соопшти Универзитетот на Единбург.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Хигс, кој во 2013 година ја добива Нобеловата награда за физика за својата работа од 1964 која покажа како бозонот помогнал вселената да се поврзе давајќи им ја на честичките нивната маса, починал вчера во својот дом кај Единбург.

По серијата експерименти кои сериозно почнаа во 2008 година, неговата теорија ја докажаа физичари кои работеа на Големиот хадронски судирач во Церн во Швајцарија во 2012 година.

Нобеловата награда ја подели со Франсоа Енглерт, белгиски теоретски физичар чија работа во 1964 година исто така директно придонела на ова откритие.

Хигс поголемиот дел од својот професионален живот го минал на Универзитетот во Единбург, кој го основа Центар за теоретска физика во негова чест во 2012 година.

Професорот Питер Метисон, директорот на универзитетот, кажа: „Питер Хигс беше исклучителен поединец – вистински надарен научник чии визија и фантазија го збогатија нашето знаење за светот кој нè опкружува. Неговата пионерска работа мотивираше илјадници научници, а неговото наследство ќе продолжи да инспирира многу други генерации кои доаѓаат“.

Кралската шведска академија на науките, која ја доделува Нобеловата награда, кажа тогаш дека стандардниот модел на физиката која го поддржува научното разбирање на универзумот „почива на постоењето посебен вид честичка: Хигсовата честичка“. Оваа честичка потекнува од невидливо поле кое го исполнува целиот простор.

„Дури и кога вселената изгледа празна, ова поле е тука. Без тоа не би постоеле, бидејќи честичките добиваат маса од контактот со полето. Теоријата која ја предложија Енглерт и Хигс го опишува овој процес“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ