петок, 26 јули 2024

Почина О.Џ. Симпсон

Почина Орентал Џејмс Симпсон, познат само како О.Џ. Симпсон (76).

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој починал опкружен со своето семејство во Лас Вегас, откако боледувал од рак на простата. Состојбата му се влошила последните месеци, па завршил во болница.

Тој е поранешен великан на американскиот фудбал, но најпознат стана по судењето за двојното убиство на поранешната сопруга Никол Браун Симпсон и нејзиниот пријател Рон Голдман во 1990-тите.

Симпсон беше ослободен пред три децении за двојно убиство што ја шокираше Америка. Сепак, тој заврши во затвор за оружен грабеж, напад со смртоносно оружје и десет други злосторства извршени во 2007 година во хотел во Лас Вегас.

Се вели дека бил опкружен со своите деца и внуци кога починал вчера вечерта. Адвокатот на Симпсон, исто така, ја потврдил неговата смрт за Ти-ем-зи.

О.Џ. Симпсон зад себе остави четири деца: Арнел и Џејсон од првиот брак и Сиднеј и Џастин од бракот со Никол Браун Симпсон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ