четврток, 24 октомври 2024
Жална вест

Почина новинарот Саше Димовски

На 47-годишна возраст почина новинарот Саше Димовски, кој во јавноста беше познат во однос на следењето на случувањата во правосудниот систем. Тој почина по долги и тешки здравствени компликации.

Објавено на

часот

Сподели

Беше претседател на Советот на честа на ЗНМ, а неодамна беше именуван и во Комисијата за помилување на Гордана Сиљановска Давкова.

Работел во телевизиите Канал 5 и Сител, основач е на svedok.mk, а беше соработник во повеќе медиуми во областа на правосудството.

Беше автор на голем број публикации од областа на правосудството и медиумите.

Погребот ќе се изврши во среда, 7 август, на новите Градски гробишта во Велес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ