понеделник, 28 октомври 2024
Жална вест

Почина новинарот Предраг Димитровски

По кратко боледување денеска почина новинарот Предраг Димитровски (1959-2023), информираа од „Пресинг ТВ“ каде последно работеше.

Објавено на

часот

Сподели

Димитровски беше новинар со над 30 годино искуство. Беше главен уредник во весникот Вечер од 2005-2006 година а потоа работеше и во „Дневник“. Последните години од работниот век ги помина во Република и Пресинг ТВ.

„Ќе ја паметиме неговата посветеност кон работата, неговата принципиелност, лојалност. Посветуваше внимание на секоја буква во неговата реченица, го одмеруваше секој напишан збор, внимаваше на најситниот детаљ. Го нарекувавме жива енциклопедија. Во глава ги имаше сите информации, сите датуми, сите податоци од поблиската и подалечна историја“, се вели во објавата на Пресинг ТВ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ