сабота, 27 јули 2024

Почина негувателот Трајковски на ЗОО Скопје, а неколку часа подоцна и неговото милениче жирафата Флопи

Објавено на

часот

Сподели

„Рики друже, чувај ги горе Каспер и Тобого. Ќе фалиш“, напиша на својот фејсбук-профил Тина Мицковска, задолжена за односи со јавност во скопската Зоолошка градина.

Трајковски беше познат токму по љубовта и негата што им ги даваше на жирафите во скопската Зоолошка градина.

Вработените во Зоолошката градина денеска неколку часа се обидувале да ја спасат жирафата, но не успеале. За смртта на Флопи се очекува официјално соопштение од скопската Зоолошка градина.

Претходно од салмонела почина жирафата Каспер, потоа со силен отров беа отруени ретките пржевалски коњи, по што ЗОО Скопје го изгуби и статусот за кандидат во Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми – ЕАЗА.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ